Достапни линкови

Џонсон изгуби уште едно гласање во британскиот Парламент


Британскиот премиер Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска повторно изгуби едно гласање во Парламентот, откако пратениците го отфрлија предлогот на Владата за пауза во законодавниот дом за да можат членовите на Конзервативната партија да присуствуваат на нивниот годишен конгрес, како што беше вообичаено претходно. Предлогот, кој предвидуваше тридневна пауза, беше одбиен од 306 пратеници, додека 289 гласаа „за“.

Членовите на Долниот дом на Парламентот вчера ја продолжија работата во многу напната атмосфера по пресудата на Врховниот суд дека одлуката на премиерот за суспензија на законодавниот дом е незаконска.

XS
SM
MD
LG