Достапни линкови

Вучиќ во ОН: За Косово е потребно трајно решение


Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк денеска изјави дека нерешениот проблем со Косово го попречува економскиот раст не само на младите во Србија, туку и во регионот и оти мора да се постигне трајно решение, така што „ниту една страна нема да добие сè, ама ќе добие доволно.“

„Ние храбро и реално со верба започнавме да се бориме за трајно решение за косовскиот проблем. Никој повеќе не сака решение од Србија. Затоа очекуваме големите сили да ги разберат и да ги поддржат нашите аргументи“, истакна Вучиќ во обраќањето пред ГС на ОН.

Тој додаде дека Приштина направила еднострани чекори, како што е наметнувањето на царински давачки за српски производи, додека Србија умерено одговорила и не вовела контрамерки. Вучиќ оцени дека присуството на УНМИК е неопходно затоа што со тоа се обезбедува безбедност за Србите кои живеат во Косово.

XS
SM
MD
LG