Достапни линкови

Кукан: Предолго чекавте, се направивте и мислам дека ќе добиете датум во октомври


Поранешниот европратеник Едуард Кукан

Поранешниот европратеник Едуард Кукан изјави дека Македонија направила се што ЕУ побарала и затоа може да се имаат позитивни очекувања дека во октомври Македонија ќе добие датум за почеток на пристапни преговори со Унијата.

„Лично сметам дека Северна Македонија ќе добие датум за почнување на пристапните преговори. Чекавте на овој момент предолго, апсолутно е неверојатно да бидете земја – кандидат 12-13 години и дури сега да добиете датум. Да заклучам, сметам дека вие направивте се што ЕУ побара од вас, со цел да добиете датум за преговори. Тоа беше кажано од многу политичари кои ја посетија вашата земја, меѓу кои и од Доналд Туск, како и многу други важни шефови на влади кои рекоа дека Северна Македонија заслужува датум“, вели Кукан во интервју за МИА.

Тој вели дека е оптимист, но сепак, како што посочува, гледано од неговото животно искуство, ќе поверува во тоа само кога ќе се случи.

XS
SM
MD
LG