Достапни линкови

Амбасадорот на САД во Белград: српските медиуми пласираат искривени факти


Амбасадорот на САД во Белград Кајл Скот

Амбасадорот на САД во Белград Кајл Скот кој е на заминување од функцијата изјави дека бројните истражувања покажуваат на масовна појава на пласирање искривени факти во српските медиуми кога е во прашање известувањето за Русија во споредба со Соединетите држави. „Тоа не се однесува само на таблоидите, туку и Радио телевизија Србија и на сериозни весници како „Политика“. Ваквата отворена манипулација е продолжување на опасната националистичка пропаганда која зема замав на Балканот во текот на деведестите години. Таа им моси штета на шансите на Србија повторно да го земе местото во заедницата на европските народи“, рече тој.

XS
SM
MD
LG