Достапни линкови

Трамп: не вршев притисок врз Зеленски за Бајден


Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Украина Володомир Зеленски, Њујорк, 25.09.2019.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Њујорк дека не вршел притисок врз претседателот на Украина Володомир Зеленски да покрене истрага за неговиот можен ривал на претстојните претседателски избори Џо Бајден. Трамп ова го изјави на состанокот со Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН ден откако Демократската партија покрена постапка за отповикување на Трамп. Врз сознанијата дека Трамп во телефонски разговор побарал од Зеленски да отвори истрага против Бајден и неговиот син Хантер, демократите ја покренаа постапката за импичмент, тврдејќи дека американскиот претседател ги злоупотребил овластувањата, барајќи помош од странска влада за да го оцрни ривалот.

XS
SM
MD
LG