Достапни линкови

Експлозија на бомба во јужна Турција


Оштетениот автобусот кој превезуваше и полицајци по експлозијата во Адана. 25.09.2019

Пет лица во полицискиот автобус се повредени во денешната експлозија на бомба покрај патот во јужната турска провинција Адана, јавуваат државните медиуми

Гувернерот на провинцијата Махмут Демиртас за новинската агенција „Анадолу“ изјави дека експлозијата е предизвикана или од „импровизирана експлозивна направа или од друг вид бомба“.

Еден од повредените е полицаец, рече Демиртас, но никој од повредените не се здобил со сериозни повреди. Полициски извори соопштија дека брзата помош ги однела повредените во болниците.

Вооружената полиција ја запечати областа и го прегледуваше местото. Си-Ен-Ен Турк емитуваше видео од тешко оштетен автобус и други оштетени возила под пешачки премин во областа Јурегир во Адана. Засега не е јасно кој може да стои зад нападот.

XS
SM
MD
LG