Достапни линкови

Рохани: Иран нема да преговара додека е под санкции


Претседателот на Иран Хасан Рохани

Претседателот Хасан Рохани на Генералното собрание на ООН рече дека Иран нема да преговара за својата нуклеарна програма сè додека остане под санкции и ги обвини САД за „безмилосен економски тероризам“.

Рохани им кажа на светските лидери во Њујорк дека Соединетите држави „вложиле многу напори“ да го „лишат Иран од учество во меѓународната економија, нарекувајќи го тоа „меѓународно пиратство“.

Соединетите држави минатата година се повлекоа од меѓународниот договор во 2015 година меѓу Иран и светските сили, за иранските нуклеарни активности.

Оттогаш Соединетите држави ги проширија санкциите врз иранската економија, а Техеран започна со намалување на некои од своите обврски според нуклеарната спогодба.

Претседателот на САД, Доналд Туммп сака да го присили Иран да преговара за нуклеарната спогодба за 2015 година, тврдејќи дека условите не биле доволно тешки за да ја спречат земјата да развива нуклеарно оружје и да се согласи за ограничувањата на нејзината програма за балистички ракети.

Иран одби, инсистирајќи дека нејзината нуклеарна програма е строго за цивилни енергетски цели.

XS
SM
MD
LG