Достапни линкови

Заев и министрите Филипче и Нуредини учествуваа на бизнис форумот „Блумберг“


Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче

Загрозената животна средина и економските кризи како најголемите закани и предизвици за глобалниот просперитет се централните теми на годинешниот, трет Глобален бизнис форум „Блумберг“, што се одржа на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, a на кој присуствуваа шефови на држави и влади.

Премиерот Зоран Заев и дел од делегацијата на Владата, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, учествуваа на форумот на кој беа споделени искуствата и иницијативите кои може да бидат одговор на климатските промени, со честите суши, недостигот на вода што предизвикуваат сериозни последици во економијата, особено во земјоделството.

Овие, и бегалските и миграциските кризи дополнително, се закана за над 50 проценти од населението во светот и се налага потребата од итни одговори.

Денеска премиерот Заев ќе има обраќање на Дијалогот на лидерите, на Форумот на највисоко ниво на Самитот за целите за одржлив развој, како дел од програмата на 74-то Генерално собрание на ОН.

XS
SM
MD
LG