Достапни линкови

Зеленски предупредува за руската „војна против Украина“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски на годинешното Генерално собрание на ООН.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на вториот ден од годинешното Генерално собрание на ООН, во својот говор ги предупреди светските лидери дека нема да се чувствуваат безбедно сè додека Русија води војна „во центарот на Европа“.

Во еден глобализиран свет “ не постои туѓа војна “, рече Зеленски во своето првото обраќање пред светското тело.

„Секој лидер ја дели одговорноста за судбината не само за својата земја, туку и за целиот свет. Москва продолжува да ги поддржува сепаратистите во источна Украина во конфликтот во кој загинаа повеќе од 13.000 луѓе, а раселени се речиси 2 милиони луѓе од април 2014 година. Русија го презеде украинскиот полуостров Крим во март 2014 година, а потегот беше осуден од повеќето земји.Киев се обидува да „обезбеди мир на цивилизиран начин “, рече Зеленски, кој беше инаугуриран во мај.

Украинскиот претседател Зеленски дополни дека враќањето на сите окупирани украински територии се негови примарни цели, но не и по цена на животите на Украинците.

XS
SM
MD
LG