Достапни линкови

Заев, Вучиќ и Рама на состанок за „Мал Шенген“


Иницијатор на разговорите за формираше Мал шенген е српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српската вицепремиерка Зорана Михајловиќ апелираше денес до сите земји од Западен Балкан да создадат стратегија за заеднички економски развој на овие земји. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Михајловиќ додаде дека ова ќе биде една од темите на разговорите со лидерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама на почетокот на октомври во Белград, иницирана од српскиот претседател Александар Вучиќ на темата за формирање на таканаречениот Мал Шенген.

„Секоја од земјите од Западен Балкан сепак е мала за да привлече глобални инвеститори, без кои е невозможно да се обезбеди одржлив економски раст. Но, заедно можеме да бидеме поконкурентни, како кон ЕУ, така и на другите светски пазари. Ова јасно се покажа и во случајот со отворањето на новата фабрика на „Фолксваген“, оцени Михајловиќ во соопштението од нејзиниот кабинет.

Таа додаде дека тука не станува збор за создавање на некоја „нова Југославија“ или на „голем Балкан“, туку спроведување на чиста економска логика, која што може да обезбеди подобар живот за граѓаните.

XS
SM
MD
LG