Достапни линкови

Иран: Инспекција за нуклеарките само ако САД се вратат во нуклеарниот договор и ги укинат санкциите


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иран нуди согласност за зајакнати инспекции на својата нуклеарна програма, доколку американскиот Конгрес го ратификува нуклеарниот договор од 2015 година и Вашингтон ги укине сите санкции за Иран, објави денеска иранската телевизија на англиски јазик ПресТВ, пренесоа светските новински агенции.

„Предложената иранска измена на нуклеарниот договор бара рано одобрување на дополнителен протокол од страна на иранскиот Парламент, одобрување на нуклеарниот договор од страна на американскиот Конгрес, укинување на сите санкции од страна на Вашингтон“, објави иранската телевизија, повикувајќи се на, како што вели „информирани извори”.

Иранскиот претседател Хасан Рохани претходно остро го осуди соопштението на три членки на ОН кое имплицира иранска вмешаност во нападот на саудиската нафтена рафинерија и побара од нив да се придржуваат до обврските преземени со Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА), како што официјално се вика иранскиот нуклеарен договор.

XS
SM
MD
LG