Достапни линкови

Боки 13 донесен на увид во доказите за „Рекет“


Откако завчера одби да даде исказ во Обвинителството за случајот „Рекет“, без да ги види доказите против него, првоосомничението Бојан Јовановски - Боки 13, денеска беше спроведен од истражниот зaтвор во Шуто Оризари во Обвинителството за организиран криминал и корупција, за да направи увид во доказниот материјал.

Вчера и третоосомничената во случајот „Рекет“, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, исто така побара да направи увид во доказите, па потоа да го искористи правото да даде исказ. Според нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска, Јанева утре ќе има увид во доказите.

Второосомничениот во „Рекет“, Зоран Милевски - Кичеец, ќе биде пуштен во домашен притвор.

XS
SM
MD
LG