Достапни линкови

Помпео следната недела во Црна Гора


Американскиот државен секретар Мајк Помпео треба да ја посети Црна Гора следната недела, објавија подгорички Вијести. Весникот наведува дека шефот на Стејт департментот и еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп треба да пристигнат во Скопје на почетокот на октомври, а потоа да оствари официјална посета на Црна Гора, пренесе МИА.

Американската амбасада во Подгорица не го потврди ниту негираше пристигнувањето на висок американски претставник или на Стејт департментот. Помпео неодамна го назначи Метју Палмер за Специјален пратеник за Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG