Достапни линкови

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Неготино


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против пет лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Неготино, осомничени за сторени повеќе различни кривични дела за злоупотреба на службената положба и овластување, за несовесно работење во службата, за употреба на исправа со невистинита содржина и за фалсификување службена исправа.

МВР соопшти дека кривична пријава е поденсена против В.А.(56) од Неготино осомничен за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Ѓ.Т.(34) од Неготино осомничен за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, против В.В.(59) и С.В.(35), двајцата од Неготино, осомничени за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, и против Љ.Т.(57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

Во декемри 2015 првопријавениот, како градоначалник на Општина Неготино, соопшти денеска МВР, во повеќе наврати, на ДПТУ „Уни коп градба“ ДООЕЛ Неготино, исплатил 2.991.624 денари за изведени градежни работи на локален пат без комплетна документација.

XS
SM
MD
LG