Достапни линкови

На полноќ почнува предизборната кампања за изборите на Косово


Валдете Дака, претседателка на Централната изборна Комисија на Косово

На полноќ почнува предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на Косово која ќе трае до 4 октомври. На изборите одат 20 партии, четири коалиции и еден независен кандидат од бошњачката заедница. За 120 места во Собранието се тркаат 1.060 кандидати. Европската унија повика изборниот процес да биде мирен во согласност со меѓународните стандарди. Право на глас имаат 1.937.800 граѓани.

XS
SM
MD
LG