Достапни линкови

Покрената истрага која може да води до смена на Трамп


Претседавачот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси

Претседавачот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси, од Демократската партија, објави покренување официјална истрага која може да води до сменување на претседателот Доналд Трамп. Основата на постапката е сомнежот дека Трамп, настојувајќи да обезбеди реизбор од претседателот на Украина Володомир Зеленски барал да ги истражи тамошните активности на синот на неговиот политички ривал Џо Бајден. Тој во време кога Бејден бил потпретседател на САД наводно бил привилегиран во работењето со Украина. Ваквата постапка на Трамп, Пелоси ја нарече „предавство на државните интереси на САД“ и на изборите за претседател. Трамп претходно изјави дека не сторил ништо лошо.

XS
SM
MD
LG