Достапни линкови

Заев-Мишел: Северна Македонија направи прогрес


Зоран Заев

Македонскиот премиер Зоран Заев, како дел од своите активности во рамките на Генералното собрание на ОН во Њујорк, оствари средба со премиерот на Белгија, и иден претседател на Европскиот Совет Шарл Мишел. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев го запознал белгискиот премиер Мишел за актуелните активности на Владата поврзани со очекувањата на Европскиот Совет во октомври, Северна Македонија да го добие датумот за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ. Белгискиот премиер Мишел ги поздрави досегашните успеси на Северна Македонија во процесот на остварување на европските интеграции и изрази надеж дека иницијативноста во таа насока ќе продолжи и во наредната фаза на преговори.

XS
SM
MD
LG