Достапни линкови

Трамп: Репресивниот режим во Иран е светска безбедносна закана


Американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор пред Генералното собрание на ОН ги бранеше своите политики кон Иран и ги повика сите нации да дејствуваат против Техеран и да не го „субвенционираат иранското крвопролевање“.

„Еден од најголемите безбедносни закани со кои се соочуваат мирољубивите нации денеска е репресивниот режим во Иран“ изјави Трамп пред светските лидери собрани во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Прогласувајќи „ четири децении неуспех“ од исламската револуција, Трамп ги повика иранските лидери „конечно да го ставатиранскиот народ на прво место “ при што предупреди дека доколку не се смени како што го нарече, заканувачкото однесување на Иран, санкциите од САД ќе се затегнат. Трамп ги обвини иранските водачи за поттикнување на војните во Сирија и Јемен, како и за последните напади врз саудиските нафтени постројки.Односите меѓу САД и Иран се сериозно влошени откако Вашингтон се повлече од меѓународниот договор кој Техеран го потпиша во 2015 година со светските сили.

XS
SM
MD
LG