Достапни линкови

Трамп: Со сторпирањето на помошта на Украина ја притиснав Европа


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пред новинарите потврди дека барал да се замрзне помошта за Украина во вредност од 400 милиони долари за да ги потурне Франција и Германија за да издвојат пари за помош на Украина. Тоа го сторил пред да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски на кој наводно го притиснал да го истражи неговиот политички ривал.

„Што се однесува до задржувањето на средствата, тие пари беа исплатени“ изјави Трамп посочувајќи ги обвинувањата на Зеленски како смешни.

Од 2014 година ЕУ и Европските финансиски институции ја помогаа Украина во нејзиниот реформски процес со 15,5 милијарди евра во форма на грантови и заеми. Американските медиуми неодамна објавија информација од „свиркач“ дека разузнавачките служби пополниле жалба за наводно обид на Трамп да го притисне Зеленски во телефонски разговор.

XS
SM
MD
LG