Достапни линкови

Џонсон: Не давам оставка, излегуваме од ЕУ на 31 октомври


Британскиот премиер Борис Џонсон

По пресудата на Врховниот суд во Лондон, дека одлуката за суспендирањето на Парламентот е незаконска, британскиот премиер Борис Џонсон во Њујорк изјави дека не се сложува со судиите, но дека ќе ја почитува нивната одлука, а на опозицијата ѝ порача дека нема да даде оставка.

„Без разлика на тоа што ќе се случува, според законските прописи, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври. Важно е за нас сега да постигнеме добар договор“, рече Џонсон во Њујорк, каде присуствува на Собранието на Обеднинетите нации.

XS
SM
MD
LG