Достапни линкови

Вучиќ: Меркел рече нема застанување додека не се реши косовското прашање


Српскиот претседател Александар Вучиќ, по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Њујорк, изјави дека германската канцеларка ќе ја вложи сета своја енергија, труд и сила за да се сочува мирот и стабилноста во Европа и поради тоа бара да се разговара сè додека не се пронајде решение за косовското прашање.

„Да се разговара и разговара сè додека не се најде некое решение“, е пораката од Меркел која Вучиќ им ја пренесе на новинарите.

„Нема никакво сомнение дека Европа сака решавање на проблемите на Западен Балкан и оти Германија, како водечка сила, истото го посакува и на тоа инсистира“, додаде српскиот претседател.

XS
SM
MD
LG