Достапни линкови

САД ќе ги укинат визите за полските државјани за престој до 90 дена


Претседателите на САД и на Полска, Доналд Трамп и Анджеј Дуда

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му кажал на неговиот послки колега, Анджеј Дуда, дека очекува да бидат укинати визите за Полска во следните неколку недели и дека на граѓаните на оваа земја нема да им треба виза за патување во САД до 90 дена, без разлика дали станува збор за деловна или туристичка посета, објави денеска Белата куќа.

Варшава веќе долго време бара Стејт департментот да го укине визниот режим за Полска, пренесоа новинските агенции.

„Претседателот Трамп го извести претседателот Дуда дека ќе го објави влезот на Полска во Програмата за ослободување од визи во наредните неколку недели“, се вели во соопштението на Белата куќа.

XS
SM
MD
LG