Достапни линкови

Меркел, Макрон и Џонсон го обвинија Иран за нападите на саудиските рафинерии


Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон оценија дека зад нападите врз саудиските нафтени рафинерии стои Ира и повикаа на дипломатска разврска на случајот, пренесоа новинските агенции.

Германија, Британија и Франција, со заедничко соопштение, го обвинија Иран дека стои зад нападите во Саудиска Арабија и го повикаа Техеран да избегнува натамошни „провокации“.

„Нам ни е јасно дека Иран ја сноси одговорноста за нападот. Не постои друго објаснување“, се наведува во заедничката изјава на Меркел, Макрон и Џонсон составена на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

XS
SM
MD
LG