Достапни линкови

Генерален штрајк во Грција


Протест во Атина, илустрација

За денеска во Грција е закажан генерален 24-часовен штрајк што се очекува да ја парализира земјата. Штрајкот е против планот на владата да донесе закон што содржи измени во законот за синдикатите, за колективните договори и здравственото осигурување и паралелно бараат покачување на платите и пензиите, постојани вработувања и запирање на приватизациите. Во 24-часовниот штрајк учествуваат вработените во државните болници, во здравствените центри и итната помош, службениците во банките. За денеска, во 11 часот по локално време, закажан е протест во центарот на Атина.

XS
SM
MD
LG