Достапни линкови

Во Њујорк средба Заев-Мицотакис


Учеството на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и владината делегација на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации во седиштето на организацијата во Њујорк

Премиерот Зоран Заев кој до сабота ќе престојува во Њујорк на 74. Генерално собрание на Обединетите нации денеска, според грчки извори, ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Ова ќе биде прва нивна средба откако Мицотакис победи на изборите што се одржаа на почетокот на јули во Грција. Во агендата на премиерот Заев е предвидена и официјална средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН.Официјалното обраќање на премиерот Заев на Генералното собрание на ОН е предвидено за сабота во претпладневната сесија.

XS
SM
MD
LG