Достапни линкови

Трамп не е загрижен од заканите за негов импичмент


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп воопшто не ги зема за сериозни заканите за негов импичмент од страна на Конгресот. Тој денеска при пристигнувањето на седиштето на ОН во Њујорк ги отфрла муабетите за импичмент поради наводите на свиркачот според кого Трамп разговарал со својот украински колега и го замолил да истражи политички ривал.

Американските медиуми објавија дека претставник на разунавачките служби во август поднел пријава дека Трамп се обидел да изврши притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски повик.

Вчера Трамп потврди дека со Зеленски на 25 јули зборувале за поранешниот потпретседател Џо Бајден и за неговиот син.

Трамп му рекол на Зеленски дека „не сака нашите луѓе, како потпретседателот Бајден и неговиот син да придонесуваат за корупцијата што веќе се случува во Украина“.

Американскиот претседател негираше дека вршел притисок врз Украина да го испита Бајден, еден од водечките демократи, кој сака да му се спротивстави на Трамп на изборите следната година.

Американскиот службеник за разузнавање, кој работел во Белата куќа, поднел тужба до генералниот инспектор на разузнавачката заедница, по што демократите во Конгрес започнаа постапка за импичмент во Конгресот.

Трамп вели дека со Зеленски имале совршен телефонски повик, и дека сето ова е лов на вештерки на демократите.

XS
SM
MD
LG