Достапни линкови

Српската влада ќе го унапредува изборниот процес


Владата на Србија донела Заклучок за подобрување на изборниот процес врз основа на препораките на Работната група за соработка со ОБСЕ и ОДИХР, соопштуваат српските власти.

Владата им наложила на сите функционери да го почитуваат законот за антикорупција од објавувањето до крајот на изборите. Тоа значи дека службеното лице не може да ги користи јавните собири на кои учествува како функционер за промовирање на политичките партии, да ги повикува гласачите да гласаат или да не гласаат за одредени учесници на избори, се вели во соопштението, во кое се додава дека службено лице не може да користи јавни ресурси за промовирање на политичките партии.

XS
SM
MD
LG