Достапни линкови

Гутереш најави формирање Уставен комитет за Сирија под сириско водство


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш,

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, најави формирање на Уставен комитет за Сирија, во кој ќе бидат вклучени претставници на владата и опозицијата.

Гутереш денеска изјави дека „цврсто верува“ оти Уставниот комитет, кој ќе биде организиран и воден од Сирија може да биде почеток на политичкиот пат кој ќе води до решение за војната во земјата. Во повеќе од осумгодишна војна во Сирија над 400 илјади луѓе се убиени, а милиони се раселени.

Русија и Иран обезбедија круцијална поддршка за сирискиот претседател Башар ал Асад, аСоединетите Држави и Турција поддржаа различни бунтовнички групи.

XS
SM
MD
LG