Достапни линкови

Најстарата патничка компанија на светот, „Томас Кук“, оди во стечај


Денешното слетување на авион на компанијата „Томас Кук“ во Велика Британија и официјално беше последниот лет на таа втора по големина, а најстара патничка компанија во светот. Преговорите кои траеја до рано изутринава за спас на „Томас Кум“ пропаднаа, што значи дека компанијата оди во стечај, објавија британските медиуми и светските новински агенции.

Околу 200.000 британски туристи плус уште околу 400.000 од други земји кои букирале преку оваа компанија се заглавени на аеродромите ширум светот, барајќи билет за враќање назад.

Британските медиуми објавија дека владата не сакала да ги откупи долговите на компанијата, која по 178 години постоење се гаси. Германски Билд кратко објави – „ова е прв банкрот на Брегзитот“, откако пропаднале 11-часовните преговори.

XS
SM
MD
LG