Достапни линкови

„Петрунија...“ освои седум награди за три дена


Плакат за филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“

Филмот на македонската режисерка Теона Струга Митевска „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ освои седум награди на три различни фестивали, соопштија од „Сестри и брат Митевски Продукција“.

Започнувајќи со Филмскиот фестивал во Мароко, Salé Women Film Festival, Петрунија освои три награди. Специјалната награда од жирито за режија, ја доби режисерката Теона Стругар Митевска, наградата за најдобар актер ја доби прекрасната Зорица Нушева и главната награда доделена од УНЕСКО ја доби македонскиот филм „Петрунија...“, која ја споедулува со грчкиот филм „Нејзината работа“ на Никос Лабот.

Во соседна Србија, во Лесковац, на Интернационален фестивал посветен на филмска режија, Петрунија понесе две награди. Главната награда за најдобра режија ја доби Теона Стругар Митевска, и наградата за најдобра глумица ја доби Зорица Нушева која го толкува ликот на Петрунија.

Во Словенија на Филмскиот фестивал во Порторож посветен на словенечкиот филм, наградата за најдобар филм за малцински копродукции „Златната Весна“ ја доби македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“. Филмот доби уште една награда и тоа од Здружението на уметнички кина на Словенија.

На истекот од летото по само седум месеци фестивалска турнеја „Петрунија…“досега освои 21 награди и има кино дистрибуција во 35 земји.

XS
SM
MD
LG