Достапни линкови

Бегалци од Сирија се преправиле во одбојкари за да излеат од Грција


Илустрација

Со топки и спортски торби во рацете и сите облечени во исти тренерки, 10 бегалци од Сирија, со украдени пасоши, се обиделе авионски од Грција и да стигнат во Цирих, jави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштуваат дека на атинскиот аеродром, биле уапсени 10 лица, кои со оригинални странски пасоши, но издадени на други луѓе и пријавени за изгубени или украдени, се обиделе да патуваат во европска земја.

„За да ги измамат полициските власти и да го избегнат нивното внимание, дојдоа заедно, облечени во исти спортска облека за да личат на одбојкарски тим, со исти спортски ранци, како и со две одбојкарски топки. Меѓутоа, при извршената полициска контрола, беше констатирано дека не припаѓаат на некој спортски клуб и нивната цел беше да се нелегално да ја напуштат нашата земја, користејќи ги горенаведените патни исправи“, соопшти грчката полиција и додава дека уапсените биле изнесени пред јавен обвинител.

XS
SM
MD
LG