Достапни линкови

Могерини: Преговорите со Скопје и Тирана клучни и за ЕУ


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини синоќа се сретна со премиерите и министри на шесте земји од Западниот Балкан, информираат од нејзината канцеларија. На вечерата, одржана на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации, се разговарало за европската перспектива на регионот и за остварениот напредок досега. „Тие изразија поддршка за отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија, подвлекувајќи дека оваа одлука е клучна не само за двете засегнати земји, туку за целиот регион и за ЕУ“, стои во соопштението на кабинетот на Могерини.

XS
SM
MD
LG