Достапни линкови

Помпео ќе се состане со Лавров в петок


Американскиот државен секретар Мајк Помпео со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Сочи, Русија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео треба в петок да се состане со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на маргите на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Тие последен пат се сретнаа кон средината на мај во Сочи во Русија. Од тогаш Москва и Вашингтон се повлекоа од билатералната спогодба за никлеарните сили од среден дострел што се заканува повторно да ја стартува трката во вооружување.

XS
SM
MD
LG