Достапни линкови

Во Израел почнаа консултации за мандатар за состав на влада


Бенјамин Нетанјаху, Рувен Ривлин и Бени Ганц

Израелскиот претседател Рувен Ривлин денеска ги почна консултациите со партиите избрани во парламентот за да одлучи кому ќе му ја довери задачата за формирање нова влада. Израелскиот претседател има овластување да избере еден од 120-те членови на парламентот за потенцијален премиер.

На изборите на 17 септември, Конзервативната партија „Ликуд“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху освои 31 мандат, а нејзиниот главен ривал, Сојузот на партиите на центарот „Сино-бел центар“, на поранешниот началник на штабот Бени Ганц 33 мандати.

Врз основа на парламентарната традиција, може да се очекува Ганц да добие мандат да формира владејачка коалиција. Сепак, ниту тој, ниту Нетанјаху немаат јасно мнозинство и и двајцата тврдат дека се победници, коментираат израелските медиуми.

XS
SM
MD
LG