Достапни линкови

Следната недела во Њујорк разговори Зеленски -Трамп


Претседателот на САД Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е предвидено да има разговори со претседателот Доналд Трамп и други светски лидери на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк следната недела.

Тоа би била прва средба меѓу украинскиот и американскиот претседател од инаугурацијата на Зеленски во мај.

Зеленски ќе биде во Соединетите држави помеѓу 23 и 26 септември за да присуствува на годишниот собир на ООН, за време на кој ќе одржи говор, соопштија од неговата канцеларија.

Најавата за средбата со Трамп доаѓа по одобрената американска воена помош за Украина во висина од 250 милиони долари.

Помошта главно е наменета за обука и опремување на украинските сили кои се борат против сепаратистите, поддржани од Русија,

XS
SM
MD
LG