Достапни линкови

Дончев: Не сакавме да го блокираме влезот на "Диаверум"


Директорите на ФЗОМ Ден Дончев.

Директорот на фондот за здравство Ден Дончев денеска на пресс конференција ги отфрли обвинувањата дека државата се обидела да го блокира влез на шведската компанија „Диаверум“ во Македонија.

Тој излезе да даде објаснување откако вчера поранешната сопственичка на „Диамед“ Вера Иванова поднесе кривична пријава за Дончев и министерот за здравство Венко Филипче, со образложение дека влијаеле во продажбата на новиот сопственик – шведската компанија „Дијаверум“.

"Не било вршено никакво влијание како што тврди Ивановска. Ние само ја предупредивме шведската фирма дека имаме намера да ги испитуваме околностите под кои Диамед ја добила концесијата. Доколку се утврди криминал може да се одрази и на работата на Диаверум доколку реши да ја купи Диамед. Сепак вработен во Диамед беше кумот на Никола Груевски, Ристо Новачевски на чија сметка легнале милиони денари. Диаверум си одлучуваат самостојно, но ние ги предупредуваме дека е можно одземање на концесија" рече Дончев.

Тој рече дека имале две средби со претставници на Диаверум и испратени се две писма.

На прашање дали Дончев заедно со бизнисменот Зоран Милевски- Кичеец, кој е приведен за случајот Рекет, вршел притисок наместо на Диаверум, Диамед да се продаде на албанска компанија, директорот на ФЗО тврди дека во врска со продажбата немал ниту една средба со Диамед.

Дончев објасни и дека за добивањето на концесијата истрага води Јавното обвинителство.

XS
SM
MD
LG