Достапни линкови

Дескоска му пиша на Жбогар


Министерката за права Рената Дескоска

Министерката за права Рената Дескоска денеска со писмо до амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар одговори на критиките на неколку пратеници на ВМРО ДПМНЕ за предлог законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Повод за писмото на министер, како што се вели во соопштението од Министерството за правда, е јавно објавеното писмо со искажани одредени невистинити тврдења и неосновани критики од неколкуте пратеници од опозиционата ВМРО – ДПМНЕ, во врска со овој Предлог – закон.

"Сосема нејасна констатацијата на опозицијата за некаква измена во однос на начинот на формирање на оценката за прием на слушателите во Академијата за судии и јавни обвинители, која и во досегашното и во предложеното решение е аритметички збир од постигнатите резултати на сите испити со единствена измена што долниот праг на проодност е подигнат, а заради препораките на оценската мисија да се подигне нивото на квалитет на кандидатите во академијата, се вели во писмото на Министерката за правда Рената Дескоска до евроамбасадорот Самуел Жбогар.

XS
SM
MD
LG