Достапни линкови

Ружичка - Варвициотис: Поддржуваме почеток на преговори со Македонија и Албанија


Двајцата го поддржуваме отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, порача заменик министерот за надворешни работи на Словачка, Франтишек Ружичка, по средбата со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик министерот за надворешни работи на Словачка рече дека во октомври европскиот совет треба да донесе важни одлуки за земјите од Западен Балкан.

„И двајцата го поддржуваме напредокот и отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Исто така, генерално, ние би сакале сите земји од Западен Балкан во иднина во Европската унија. Знаеме дека никој не е совршен, ние не сме совршени“, рече заменикот МНР на Словачка, по средбата со Варвициотис.

XS
SM
MD
LG