Достапни линкови

Милошоски: Можно е утре да се сретнеме за законот за ЈО


Пратеникот Антонијо Милошоски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. Антонијо Милошоски, денеска најави дека е можна нова средба за Законот за јавно обвинителство.

„Очекувавме да има вчера. Спремни бевме и денеска, но гледаме дека власта од можеби објективни или субјективни причини не брза. Ни беше најавено дека можно е да имаме средба утре. Доколку се расположени и спремни, ние немаме никаков проблем да ја одржиме“, изјави Милошоски.

Во однос на нивните очекувања од евентуалната средба, Милошоски рече дека очекуваат СДСМ да го прифати тоа што веќе начелно го прифатиле како концепт на 30 август годинава.

За црвените линии при изборот на обвинител, посочи дека треба да биде некој стручен, чесен, со личен интегритет, повисок просек на факултет и да може да ја добие довербата на јавноста и политичките чинители во неговата работа.

На денешната прес-конференција Милошоски информира дека вчера, добиле допис со, како што рече, неосновани технички образложенија од претседателот на Собранието, Талат Џафери, со што предлог одлуката за анкетната комисија за увид во работата на СЈО се враќа на подносителите.

XS
SM
MD
LG