Достапни линкови

Македонски пратеници на студиска посета во САД


Артан Груби

Парламентарни делегации од регионот, меѓу кои и пратеници од Собранието на Република Северна Македонија деновиве во Вашингтон се на обука за борба против корупција и транспарентно владеење организирана од Меѓународен републикански институт. Делегацијата од македонското Собрание е составена од пратениците Артан Груби од ДУИ, Горан Мисоски од НСДП и Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ. Потпретседателот на Собранието и пратеник од НСДП Мисовски смета дека е добро што сегашната Влада, за разлика од некои други поранешни влади, не ги става под тепих корупциските скандали. Обуката во САД на пратенички делегации од разни партии од Северна Македонија, Србија, Албанија и Романија е финансирана од американскиот Стејт департмент завршува на 25 септември.

XS
SM
MD
LG