Достапни линкови

СДСМ обвинува дека зад протестот на лозарите стоело ВМРО-ДПМНЕ


Седиштето на СДСМ.

Денешната блокада на патот Прилеп – Градско од страна на фантомското здружение е уште еден неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација на земјоделците, обвинуваат од владејачката партија.

„Денеска немаше никаков протест на лозари или овоштари туку очаен обид за искривување на реалноста од страна на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, донесен со автобуси пред Росоман“, наведуваат од СДСМ.

Во партиското сопштение тие набројуваат дека на „таканаречен протест“ биле присутни членови на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, пратеничката Весна Пемова секретарот на ОК Кавадарци, членови и претседателот на УМС Кавадарци, вработени во администрацијата, а предводени од претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски.

Трипуновски, кој беше на протестот, изјави дека отишол да им даде поддршка на лозарите и овоштарите.

„Денеска овдека без срам и перде и чист образ, се појавува министерот да ги убедува земјоделците, оној министер и претходен министер Николовски кој што три години ги манипулираат и секојдневно им вршат притисоци на земјоделците затоа што си ги бараат своите права“, рече Трипуновски.

На протестот отиде и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски кој рече дека дека државата ќе интервенира во лозарството. Овие денови, како што рече, ќе се седне со лозарите за да се дизајнира најавената интервентна мерка со цел да се извлече максимум.

XS
SM
MD
LG