Достапни линкови

Нема закажано средба за Законот за ЈО за в сабота


Архивска фотографија- средба на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски, 11.09.2019

Во моментов се уште нема закажано средба на работните групи на власта и опозицијата за в сабота, велат извори на РСЕ од Министерството за правда, по информациите дека викендов тимовите на двете страни ќе ги продолжат разговорите за предложените измени во Законот за јавно обвинителство.

На последната средба на тимовите која беше најавена во јавноста присуствуваа и лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев и Христијан Мицкоски. По седум часа состанок во Собранието, тие следниот ден излегоа со силни меѓусебни обвинувања, но оставија простор за идни средби.

Потоа разменија предлози за можни законски решенија. Премиерот Заев рече дека е прифатлив предлогот новото обвинителство да го води обвинител предложен од опозицијата што потоа ќе го избере парламентарното мнозинство, а ќе го верификува Советот на јавни обвинители, но дека тој мора да биде „издржан тешкаш“. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој е и дел од преговарачкиот тим на опозицијата, рече дека добиле и предлог од владиниот тим за законот за обвинителство, а потоа и тие доставиле свој предлог.

XS
SM
MD
LG