Достапни линкови

Почнуваат консултациите за мандатар на израелската влада


Архивска фотографија- претседателот на Израел Рувен Ривлин

Претседателот на Израел Рувен Ривлин рече дека в недела ќе ги започне консултациите по кои ќе одлучи на кого ќе му го додели мандатот за формирање на нова влада по парламентарните избори, соопшти неговиот кандидат. Ривлин ќе се состане со партиите кои добија места во парламентот и ќе бара предлози за тоа кој може да биде нов премиер. Врз основа на тие консултации тој ќе го избере мандатарот, а консултациите ќе траат неколку дена. Консултациите следуваат по парламентарните избори на кои нема јасен победник. Официјалните резултати се уште не се објавени, но според 97 отсто од преброените гласови сојузот на партиите од центарот на Бени Ганца има 33 пратенички места, а конзервативците Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху 31 во парламентот кој има 120 места.

XS
SM
MD
LG