Достапни линкови

Авганистан-50 луѓе загинаа во два одвоени напади


Авганистан- оштетени возила по експлозијата на автомобил бомба, 19.09.2019

Најмалку 50 луѓе се убиени во два одвоени инциденти, воздушен напад и во напад со автомобил бомба во Авганистан, соопшти американскиот пратеник за мировниот процес Залмај Кализад. Денешните инциденти се случуваат по пропаѓањето на разговорите меѓу Вашингтон и милитантите и само неколку дена пред претседателските избори во Авганистан. Според официјални лица најмалку 30 цивили се убиени, а 40 повредени во воздушен напад на авганистанските воздушни сили кој бил поддржан од американските сили, а 20 други се убиени и околу стотина повредени во експлозија на автомобил бомба.

XS
SM
MD
LG