Достапни линкови

Судењето за „Талир 2“ одложено за 15 октомври, мора да дојде и претставник на ВМРО-ДПМНЕ


Судењето за предметот „Талир 2“ се одложува за 15 октомври, за, како што објасни судот, да се доуреди полномошното на адвокатите. Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е Ленче Ристоска од ОЈО Скопје.

Судијката Стојановска, ги извести присутните дека се сметаат за уредно повикани и за наредна расправа да се уреди полномошното и да се повика претставник на ВМРО - ДПМНЕ, по предлог на Ристоска.

На денешното рочиште во судница беа присутни второобвинетиот Кирил Божиновски и застапникот на правното лице ДГ Бетон АД Скопје. За првообвинетиот Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, Судот информира дека е писмено известен оти тој не е достапен на органите на прогон. На почетокот обвинителката Ленче Ристоска до Судот достави решение од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека таа е застапник на обвинението.

Адвокатот Дончо Наков, на тоа реагираше дека на неправо не може да се спротивстави со право.

„Јас сум легалист и не сакам да се добие впечаток дека одбраната само бара одложување на рочишта. Јас само укажав дека немам полномошно за конкретниот предмет и барам да го известам клиентот. Политиката и правната гимнастика доведе до тоа правото да може да се добие само надвор од државата“, изјави Наков.

XS
SM
MD
LG