Достапни линкови

Рине до Џонсон: Имате 12 дена да го доставите планот за Брегзит


Борис Џонсон и Жан-Клод Јункер

Финскиот премиер Анти Рине му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека има 12 дена за да ги претстави своите планови за Брегзит пред претставниците на ЕУ, објави Би-Би-Си.

Рине соопшти дека заедно со францускиот претседател Емануел Макрон се согласиле дека е неопходно Велика Британија да достави предлози писмено до крајот на септември, додавајќи дека „ако тоа не го направат тогаш е готово“.

Извор од Даунинг стрит вели дека ќе продолжат со преговорите и ќе дадат предлози во соодветно време. Џонсон изјави дека е можен договор на клучниот самит на ЕУ на 17 октомври, но инсистираше на тоа дека Брегзит ќе се случи до крајниот рок на 31 октомври, дури и ако не биде постигнат договор, објави Би-Би-Си.

XS
SM
MD
LG