Достапни линкови

Американската амбасада во БиХ загрижена за најавите за отцепување


Сараево

Од амбасадата на САД во Босна и Херцеговина соопштија дека се загрижени поради изнесените ставови во Декларацијата на СДА со која се заговараат уставни промени и воспостување Република БиХ, наведувајќи дека Дејтонскиот договор и Уставот на БиХ на ниту еден ентитет не му даваат право на отцепување. Исто така се оценува дека секоја промена на внатрешното организирање на БиХ мора да биде усвоена во согласност со постапките утврдени со Уставот за што е потребна поддршка од сите конститутивни народи.

XS
SM
MD
LG