Достапни линкови

Османи очекува поддршка од Данска за старт на преговорите со ЕУ


Архива - Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека очекува поддршка од Данска за почеток на преговорите за ченство во Европската унија, откако оствари средба со поранешни дански министри и пратеници кои се во посета на Северна Македонија, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Тие разговараеле за актуелната состојба на земјава во однос на евроинтеграциите во пресрет на одлуката за почеток на преговорите во октомври, при што Османи истакнал дека поддршката што ја добива земјата од европските земји и нивните претставници „е од огромно значење“ за целата Влада во однос на тоа дека добиле признание во спроведувањето на европските реформи.

Османи вели дека во очекување на „големата октомвриска одлука“ ќе продолжи со посета на европските метрополи со цел, како што вели, „да ги убедиме и најголемите скептици дека Северна Македонија е подготвена за старт на преговорите со Унијата“, се вели во соопштението на СЕП.

Претставниците на Данска ги поздравиле спроведените реформи во земјата за членство во ЕУ и НАТО и се обврзале да ги пренесат впечатоците за напредокот, подготвеноста и за поддршката која ја даваат за старт на преговорите со ЕУ во октомври.

XS
SM
MD
LG