Достапни линкови

Трамп го избра О’Брајан за нов советник за национална безбедност


Архива - Претседателот на САД Доналд Трамп и поранешниот советник за национална безбедност во Белата куќа Џон Болтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го избрал Роберт О’Брајан да го замени Џон Болтон како советник за национална безбедност во Белата куќа.

„Работев долго и напорно со Роберт. Тој ќе заврши одлична работа!“, напиша денеска Трамп на Твитер.

О’Брајан во моментов е претседателски претставник во Стејт департментот на САД.

Трамп бараше нов совотник за национална безбедност откако го отпушти Болтон на 10 септември велејќи дека имале „силни несогласувања“ за многу прашања.

Болтон, кој беше трет советник за национална безбедност на Трамп откако беше инаугуриран во јануари 2017 година, рече дека понудил да си даде оставка вечерта пред да го разреши претседателот.

XS
SM
MD
LG