Достапни линкови

Русија се обидела да го регрутира Едвард Сноуден, тврди неговиот адвокат


Фотографија од книгата на Сноуден, „Постојано досие“, која од вчера е во продажба.

Анатолиј Кучерена, адвокатот на американскиот свиркач Едвард Сноуден, денеска изјави дека руската влада се обидела, но не успеала да го регрутира неговиот клиент кој е поранешен американски разузнавач, пренесоа светските новински агенции.

„Штом Сноуден пристигна во Русија, Руската Федерална служба за безбедност ФСБ се обиде да го регрутира. Но, тој ја одби понудата. Одбивањето на Сноуден да соработува со руското разузнавање е причината што толку долго чекаше да го процесира барањето за азил“, рече Кучерена.

Во 2013 година, Сноуден помина повеќе од еден месец на терминал на московскиот аеродром се додека руските власти не му дадоа азил. Се верува дека оттогаш живее во Москва.

САД го тужат Сноуден, инаку поранешен припадник на ЦИА и на Националната агенција за безбедност, за прекршување на согласноста за чување тајни податоци. Тужбата доаѓа веднаш после објавата на неговата нова книга, „Постојано досие“ која од вчера е пуштена во продажба и веќе стана светски бестселер.

XS
SM
MD
LG